САД ќе им ги одземаат пасошите на родителите со големи долгови за алиментација
Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе почне да ги поништува пасошите на Американците што должат значителни износи за алиментација, објави Би-би-си.
Препорачано
Би можеле да бидат погодени оние родители кои имаат неплатен долг од повеќе од 2.500 долари (1.844 евра) за алиментација, но фокус се тие со „значајни неплатени“ долгови.
Стејт департментот соопшти дека користи „алатки на здрав разум за поддршка на американските семејства и зајакнување на усогласеноста“ со американските закони во пристап за кој рече дека ќе ги спроведе „правните и моралните обврски на родителите кон своите деца“.
На оние со таков долг им беше советувано да организираат плаќање до надлежните државни агенции за да се спречи поништување на пасошот.
Откако ќе се поништи пасошот, тој повеќе нема да може да се користи за патување. Оние чии пасоши се поништени нема да имаат право на нов додека не се плати нивниот долг за алиментација, соопшти Стејт департментот.
„Оваа акција ја поддржува благосостојбата на американските деца со тоа што ќе се наметнат реални последици за доцнењето во плаќањето на алиментацијата според постојниот федерален закон“, се вели во соопштението на Министерството.
Одземањето на пасоши за неплатена алиментација од над 2.500 долари е дозволено според ретко спроведуван федерален закон од 1996 година.
Министерството не наведе кога ќе почне да се спроведува политиката.
Оние кои се надвор од САД во времето на одземањето ќе треба да посетат амбасада или конзулат на САД за да добијат итен патнички документ што ќе им овозможи повторно да влезат во земјата, објави АП.
Германец мора на таткото да му ги врати парите од алиментација: Не го информирал дека зема плата


