САД ги забранува летовите на кинеските авио компании

Авион на писта/ Фото Архива на Слободен печат

Забраната на американската администрација ќе се однесува на компаниите „Ер Чајна, Чајна истерн ерлајнс, Чајна саутерн ерлајнс, Хаинен ерлајнс“ како и за кинеските чартер компании.

Почнувајќи од 16. јуни САД воведуваат реципрочни мерки за забрана на летови на кинески компании кон Америка.

Тие исто така ќе извршат притисок на Пекинг да дозволи американски авио – компании повторно да летаат за Кина, соопшти американскиот секретаријат за сообраќај, пренесува лондонски „Гардијан“.

Забраната на американската администрација ќе се однесува на компаниите „Ер Чајна, Чајна истерн ерлајнс, Чајна саутерн ерлајнс, Хаинен ерлајнс“ како и за кинеските чартер компании.

Американската авио – компанија „Делта ерлајнс“ и „Јунајтед ерлајнс“ побарале дозвола од официјален Пекинг да ги обноват комерцијалните летови кон Кина, но до сега се уште не добиле одобрение од кинеските власти иако кинеските компании непрекинато сообраќаја во САД за време на пандемијата.

Во соопштението на компанијата „Делта ерлајнс“ се изразува благодарност и ги поддржува американските административци и активностите насочени кон изедначување на правото и фер односот. Кинеската амбасада во Вашингтон се уште не се огласила по ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот