Харвард / Фото Архива на СП

САД: Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

Поранешниот директор на мртовечницата на Медицинскиот факултет Харвард е осуден на осум години затвор за трговија со органи и човечки останки, објави американскиот правосуден систем во вторникот, пренесува Радио Њу Хемпшир.

Седрик Лоџ ( 58) и неговата сопруга Дениз Лоџ (65), која беше осудена на една година и еден ден затвор за посредување во продажба на украдени органи, беа уапсени во мај 2023 година.

Седрик Лоџ, кој до мај 2023 година беше директор на мртовечницата на Медицинскиот факултет Харвард, беше обвинет за учество од 2018 до 2022 година во „национален круг на лица кои купувале и продавале човечки останки украдени од Харвард и мртовечница во Арканзас “, според федералните обвинители.

Раководителот на мртовечницата на престижниот универзитет, еден од најстарите во Соединетите Американски Држави и сместен во близина на Бостон, „крадел органи и делови од трупови што биле донирани на науката за медицински истражувања и образование, пред да бидат кремирани “.

Седрик Лоџ „отстранувал човечки остатоци, вклучувајќи органи, мозоци, кожа, раце, лица и глави, како и други делови од трупови што биле донирани за истражувачки и образовни цели“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Тој ги зел останките „без знаење на неговиот работодавач, донаторот и семејството на донаторот“ и ги транспортирал во неговата резиденција во Њу Хемпшир.

„Откако ќе ги продадел останките заедно со неговата сопруга, Дениз Лоџ, тој ги испраќал до купувачи во други држави, или купувачот ги земал директно и ги транспортирал самиот“, соопшти одделот, нагласувајќи дека човечките останки биле „препродавани за профит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот