Саботна спортска „треска“: Македонија против Италија во одбојка и фудбал

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Не се случува често во еден ден македонски национални репрезентации во различни спортови да играат против актуелни европски и светски шампиони.

Уште еден ден во кој ќе уживаат љубителите на спортот, а на крајот се надеваме и посакуваме истиот да биде крунисан со нови историски победи.

Од 18.00 часот македонската одбојкарска сениорска репрезентација во Бари ќе го игра осминафиналето против домаќинот Италија на Европското првенство.

За првпат нашата земја е меѓу најдобрите 16 во одбојкарска Европа, тимот предводен од селекторот Јошко Миленкоски е свесен за големиот предизвик, Италијанците, кои се актуелни светски шампиони и ја имаат фаворитската улога. Но, нашите најдобри одбојкари ветуваат дека ќе го дадат максимумот и ќе се борат за секој поен.

Подоцна, од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје најдобрата македонска фудбалска репрeзентација ќе го пречека актуелниот европски шампион Италија.

За избраниците на селекторот Благоја Милевски ова е четврти натпревар во квалификациите за ЕП 2024. По стартниот минимален триумф над Малта и болните порази од Украина и Англија, во овој „кризен“ период нашите најдобри фудбалери ќе се обидат да го поправат впечатокот, и со една дисциплинирана и тактичка игра да изненадат и дојдат до поволен резултат против Аѕурите.

Повеќе информации околу цените на влезниците за фудбалскиот натпревар на следниот линк ТУКА

Mилевски: Кога играте против репрезентација како Италија нема резултатски притисок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот