Mилевски: Кога играте против репрезентација како Италија нема резултатски притисок

Фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија утре го игра натпреварот на домашен терен против Италија, а денес селекторот Благоја Милевски ја одржа официјалната прес-конференција. ж

Италија во Скопје гостува со нов селектор, а Милевски порача дека Македонија мора да игра без притисок.

„Кога играте со противник како што е Италија, не чувствуваме резултатски притисок, но како и во секој друг натпревар имаме голема желба за победа. Не се согласувам дека не игравме добро во претходните два натпревари, со Украина имавме одлини 60 минути. Италија доаѓа со нов селектор, кој покажа што може и секако дека ќе биде еден голем предизвик. Се надевам на добра игра од наша страна. Македонија утре треба да биде тактички дисциплинирана и тркачки спремни, мораме да бидеме и тимски спремни, како и што секогаш во минатото сме биле. Ова се истите момци секогаш се на располагање и да се стават во функција на тимот.

Aријан Адеми е неизвесен за утрешнниот натпревар поради неговата ситуација и можното враќање во Динамо.

„Ситуацијата со Аријан се уште не е решена, се надевам дека ќе се одлучи онака како што посакува.

Болка на тренингот почувствувал и Дарко Велковски, додека Александар Трајковски веројатно ќе биде подготвен за настап.

„Дарко почувствува болки во ногата на претходниот тренинг и неизвесен е дали ќе биде во комбинација за утрешниот натпревар. Трајковски изгледа мотивирано и спремно за натпреварот. Сигурно дека имаат многу да понудат на овој тим, како и што во минатото се вложувале максимално“

Натпреварот се игра со почеток од 20:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот