Руското „њет“ за Украина во НАТО значи „њет“, смета Сафет Бишевац

Сафет Бишевац во гостување на Канал 5 / фото: Канал5/принтскрин

Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац проценува дека војната во Украина нема да заврши во кратко време.

-По 24 февруари, светот повеќе не е ист. Влегуваме во форма на нова Студена војна, блоковска поделеност, мултиполарен безбедносен систем, кој допрва ќе се гради. Тоа што денеска немаше конкретен резултат од преговорите во Белорусија е сосема очекувано, вели Бишевац во емисијата „Само вистина“.

Според него, не може да се постигне решение на првата рунда преговори.

-Потребно е време за некаков успех, знаејќи ги целите на едните и другите. За жал и понатаму ќе бидеме сведоци на понатомошно разорување, цивилни и воени жртви, бегалски бранови и се што носи една војна, потенцира Бишевац, додавајќи дека Украина е многу важна за Русија.

-Путин нема да дозволи Украина да биде дел од НАТО. Руското „њет“ за Украина значи „њет“, оценува Бишевац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот