Руските спортисти нема да учествуваат на Олимписките игри во Париз?!

фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Иако Летните олимписки игри во Париз треба да се одржат за две години, шансите на нив да настапат руските спортисти се многу мали. Причината не е само руската воена инвазија врз Украина туку и календарот на натпреварувања .

Високиот член на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Крег Риди и кој е поранешен претседател на Светската антидопинг агенција (ВАДА) вели дека проблем дополнителен проблем за руските спортисти е тоа што олимписките квалификации започнуваат наскоро и тие нема да учествуваат во нив.

– Проблемот е шти квалификациите за настап на ЛОИ во Париз во многу спортови започнуваат наскоро или се веќе започнати. Спортските федерации ги следат препораките на ИОК и поради тоа руските и белоруските спортисти не се дел од натпреварувањата. Мали се шаните некој од руските спортисти да се квалификува за настап во Париз, освен во три спортови и тоа во џудо, тенис и велоспедизам каде и сега им е дозволен настап. Доколку сега се променат правилата, тоа не би било фер кон останатите спортисти кои веќе обезбедиле олимписка виза или се на добар пат да го сторат тоа – изјави Риди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот