Руски научник тврди: До 2600 ќе станеме бесмртни!

Рускиот академик и трансхуманист,  Алексеј Турчин тврди дека до 2600 година луѓето ќе станат бесмртни, а мртвите ќе можеме да ги враќаме во живот. Идејата звучи застрашувачка и невозможна, но сево ова во теорија е навистина загадочно.

Како дошол до ова откритие?

Академикот почнал да се интересира за смртноста на човекот и бил опседнат од идејата за вечниот живот кога го загубил својот најдобар пријател на 11 годишна возраст.

Тој се запишал на престижен универзитет во Москва во 1997 година и станал магистер по физика. Бидејќи главна преокупација му била димензијата на човечкиот живот, тој објавил книги на таа тема, а неодамна објави труд под името

„Класификација во пристапот на технолошкото воскреснување“, како дел од Фондацијата за наука за продолжување на животот во Москва.

Овој труд е напишан заедно со колегата научник Максим Черњаков, и содржи поглавје што се вика „Патоказ за бесмртност“ во кој детално се опишани четири можни патишта кон неограничен живот. Интересно е што читателите можат да изберат „своја авантура“. Ако еден од плановите за продолжување на животот не успее, постојат три како резервни опции.

„Изгледа дека смртта е траен настан, но нема вистинит доказ околу нејзината неповратност“, велат авторите. „Овде ги наведуваме сите познати начини за „враќање на мртвите“ кои не се во спротивност со нашите моментални научни сфаќања на светот. Иако ниеден метод во мигов не е возможен, многу од овие што се овде наведени, можат да станат со идниот технолошки развој, а ако делуваме сега, ќе ја зголемиме нивната веројатност“.

Планот А си постои додека технологијата не стане доволно напредна за вештачки да го продолжи живототот. Во меѓувреме, луѓето кои сакаат да живеат засекогаш, би можеле да ја одложат смртта едноставно со замена на своите органи со биоинженерски или да останат живи во „нанотехнолошко тело“.

Ако овој метод е недостапен или неуспешен, Турчин препорачува план Б или крионика, односно замрзнување на телото додека не се развие конкретно решение (сетете се само на митот за Волт Дизни дека го чуваат замрзнат додека да се најде лек за болеста од која боледувал).

киборг/Unsplash

План Ц е „дигитална бесмртност“ која вклучува податоци за одредена личност која во иднина би била рекоструирана со AI (вештачка интелигенција), или „индиректно полнење на ум“.

Технолошката дистописка серија „Black Mirror“ точно ги прикажа недостатоците на оваа технологија во епизодата „Be right back“ во која жената го рекреира телото на својот мртов маж, правејќи го киборг на основа на неговите податоци собрани од историјата на користење социјални мрежи.

Турчин веќе обезбедил неговото „тело“ и ум да бидат зачувани во историјата на интернетот, тој го бележи секој детал од својот живот и сите нешта што ги прави.

технологија/Unsplash

Тој се надева дека еден ден суперинтелигентната вештачка интелигенција ќе може да ги собере сите информации и да создаде дигитална верзија од себеси. Таа личност би можела да се преземе во телото на домаќинот, клонирано од Турчиновото сопствено тело додека бил жив – пренесуваат од „Israel 365 News“

Планот Д е едноставен: Верувајте во можноста дека сте бесмртни, дали на квантно ниво или по пат на вештачка интелигенција.
Турчин препорачува примена на сите четири пристапи, како би имале шанса да живеете засекогаш, но чекањето може да биде долго.

„Развојот на вештачката интелигенција оди прилично брзо, но далеку сме од можноста да го „префрлиме“ човекот во компјутер. Ако сакаме да го направиме со голем успех, сметајте дека тоа ќе биде во 2600 година, бидете сигурни“ , изјави тој за „Russia Beyond“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот