Руски хакери се обидуваат да ги саботираат претставниците на Украина на Евросонг

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Руските хакери се обидуваат да ги саботираат претставниците на Украина на Евросонг, пишува Daily Mail.

„Killnet“, групата која го поддржува Путин, наведе на апликацијата Телеграм дека ќе ги блокира онлајн сервисите за гласање со цел Украина да не добие поддршка од јавноста на натпреварувањето.

„Не можете да гласате онлајн? Можеби за се е виновен нашиот DDOS напад“, напишаа тие во објавата.

Имено, фолк-рап групата „Kalush Orchestra“ стана се повеќе попопуларна во дел од Европа по руската инвазија на Украина во февруари, а на Русија и е забрането учеството на Евросонг.

Еден од организаторите на Евросонг наведе дека нема причина за загриженост поради обиди за онлајн саботирање.

„Постојат бројни сигурносни мерки кои ја штитат нашата публика од било какви надворешни влијанија. Нормално, така ќе биде и оваа година“, изјави тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот