Руски „бомбардер“ го менува Карачиќ во Вардар!?

Фото: РК ВАРДАР

Македонскиот и европски шампион има обврска да наоѓа замени за оние што си заминаа од клубот на крајот од сезоната.

Познато е тоа дека Писонеро е наследникот на Парондо на тренерската функција, а денеска официјално е промовирана и замената за голманот Милосављев.

– Вардар секогаш знаел да препознае квалитет во некој играч кој набрзо по доаѓањето во нашиот клуб веднаш станувал препознатлив на меѓународна сцена. Веруваме дека и со Артурс ќе биде исто, и ќе продолжи исто како и неговите претходници меѓу стативите на „црвено-црните“ – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Неколку млади и талентирани репрезентативци и досегашни играчи на Металург се пред вратите на Вардар, за еден веќе се најавува наскоро да облече „црвениот-црниот“ дрес.

Треба да се пополнува на позицијата среден бек каде што во изминатите години лидер беше хрватскиот организатор на игра, Игор Карачиќ кој се пресели во Келце. Се шпекулира дека можно е неговата замена да биде поранешен ракометар на Металург, Павел Атман (32).

sportbuzzer.de/© Flo Petrow

Атман е познат на нашата ракометна јавност и неговите силни удари во периодот од 2013-2015 год. кога ги бранеше боите на тимот од „Автокоманда“.

Потоа, направи трансфер Ел Џаиш, Мешков Брест, а последен клуб му беше Хановер Бургдорф, но го следеа и многу повреди, па и самите навивачи се скептични околу ваквиот евентуален трансфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот