НАТО, ЕУ и Русија

Русите објавија ранг-листа на своите најголеми непријатели, еве кои се на врвот

Рускиот провладин весник „Взгљад“ состави и во вторникот објави „Рејтинг на непријателски влади“ со цел да ја прикаже разликата меѓу државите кои свесно ѝ се спротивставуваат на Русија и оние кои, наводно, биле „против своја волја принудени“ на таква политика поради надворешнополитички околности, пренесе „Нова“.

На врвот е Обединетото Кралство со 75 поени, поради санкциите, поддршката за префрлање на замрзнатиот руски имот на Украина и воената помош за Киев.

На второ место се Германија и Франција со по 70 поени, додека, пак, Холандија и Естонија го заземаат третото место со 65 поени. Изненадувачки, САД се дури на четвртото место (55 поени), што „Взгљад“ го објаснува со привремениот прекин на американската воена помош за Украина.

Захарова: Русија е подготвена за секакво сценарио во случај на напад од НАТО

На петтото место е група од седум држави – Данска, Италија, Канада, Литванија, Полска, Финска и Шведска – сите со по 50 поени, наведува весникот.

Понатаму следуваат Норвешка и Белгија, а на седмо место се Хрватска, Шпанија и Грција, со по 40 поени. Сепак, кога ќе се избројат државите, Хрватска всушност е околу 18-тото место на листата. Под неа се Португалија и Словенија, па Унгарија и Луксембург.

Песков: Русија засекогаш ќе ја памети помошта од Северна Кореја

Весникот ја пренесува и изјавата на Сергеј Лавров дека Русија сè помалку го користи изразот „непријателски земји“, а сè повеќе „непријателски влади“, за да избегне цели нации да ги означи како непријатели.

Како најмалку „недружељубиви“ кон Русија се оценети Албанија, Бахами, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Јужна Кореја и Сан Марино — сите добиле само пет поени.

Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети, при нападите има десетици повредени

„Го претставуваме првиот ваков рејтинг на непријателски влади – проект создаден по иницијатива на редакцијата. Тој овозможува да се види движењето на однесувањето на различни држави кон Русија и да се разбере кој дејствува против нашите интереси, а кој само го следи надворешниот притисок на сојузниците,“ изјави политикологот и уредник на рубриката „политика“ во „Взгљад“, Алексеј Нечајев.

Како што наведе, индексот ќе се ажурира секој месец.

Русија предлага своја резолуција во ОН за Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот