Песков: Русија засекогаш ќе ја памети помошта од Северна Кореја
Русија засекогаш ќе го памети клучното учество на севернокорејската војска во опасната и тешка задача за расчистување мини во Курската област, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во петокот, објави ТАСС.
Препорачано
„Никогаш нема да ја заборавиме оваа помош (од Северна Кореја при деминирањето на Курската област). Оваа работа продолжува, опасна е и многу тешка. И навистина, нашите корејски пријатели ни помагаат многу, а тоа многу го цениме,“ изјави Песков одговарајќи на прашање за тоа како Кремљ ја оценува помошта од севернокорејската војска во расчистувањето на мините во Курската област.
Захарова: Русија е подготвена за секакво сценарио во случај на напад од НАТО
Операциите за деминирање во Курската област, која претходно беше ослободена од украинските сили, сѐ уште траат. Заедно со руските специјалисти, во задачата учествуваат и инженерски единици од Северна Кореја, кои работат на отстранување на експлозивни направи.
Една единица севернокорејски борбени инженери беше формирана и испратена во регионот по наредба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Одлуката следеше по билатералните договори засновани врз сеопфатното стратешко партнерство, потпишано за време на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Пјонгјанг во јуни 2024 година.
Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети, при нападите има десетици повредени


