Русија може да настапи на СП 2022, но под друго име
Препорачано
ВАДА исто така и го одзема и правото на Русија да биде организатор на Светски првенства или Европски првенства, па така СП во одбојка 2022 година ќе мора да се одржи во друга држава.
Руската фудбалска репрезентација се спаси од исфрлање од ЕВРО 2020 бидејќи се домаќини, но и бидејќи УЕФА не е светска водечка организација, во фудбалот тоа е ФИФА.
Сепак, руските спортисти ќе можат да се натпреваруваат на Олимписките игри без државни обележја доколку нивните допинг тестови направени во меѓународни лаборатории се негативни.
Ведна[ откако беше изречена казната за Русија, од ФИФА побараа објаснување од ВАДА поврзано со руската фудбалска репрезентација за која не се затворени вратите за настап на СП во Катар 2022 година но би морала да настапи под друго, неутрално име.
– Доколку Русија се квалификува за СП 2022 година, нема да смее да настапи под тоа име. Веќе е поставен механизам според кој може да поднесе барање за настап на неутрална основа – изјави Џонатан Тејлор, претседателот на комисијата за жалби во ВАДА.


