Русија ги нападна Одеса и Днипро – 18 луѓе се повредени, има загинати
Во одделен напад, Русија со ракети го погоди југоисточниот украински град Днипро, при што беа повредени 18 луѓе, меѓу кои и две деца — двегодишно девојче и десетгодишно момче, соопшти регионалниот гувернер Олександр Ханжа на „Телеграм“.
Русија во текот на ноќта изврши напади врз Украина со дронови, воздушни удари и со гранатирање, гаѓајќи градови како Одеса на југот и Днипро на југоистокот, при што загина еден човек, а повеќе од 30 беа повредени, соопштија украинските власти.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дронови погодија станбени згради, училиште и градинка во Одеса, големо извозно пристаниште на Црното Море, изјави на апликацијата „Телеграм“ шефот на локалната воена администрација, Серхиј Лисак.
Во одделен напад, Русија со ракети го погоди југоисточниот украински град Днипро, при што беа повредени 18 луѓе, меѓу кои и две деца — двегодишно девојче и десетгодишно момче, соопшти регионалниот гувернер Олександр Ханжа на „Телеграм“.
Во југоисточниот регион Запорожје, тројца беа повредени по ноќните напади, додаде на „Телеграм“ регионалниот гувернер Иван Федоров.
Во нападите во јужниот регион Херсон загина еден човек, а деветмина беа повредени, изјави на „Телеграм“ регионалниот гувернер Олександр Прокудин.
Во Русија, во текот на ноќта беа соборени дронови над региони како Ростов и Белгород на југот на земјата, објави агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на Министерството за одбрана.
Најмалку четворица загинаа во текот на викендот, од кои тројца во московскиот регион, откако Украина го изведе најголемиот ноќен напад со дронови врз руската престолнина во повеќе од една година, соопштија официјални лица во неделата.
Билансот на мртви од руските напади на Киев се искачи на 24, од кои три се деца


