ВИДЕО | Украина изврши масовен дронски напад врз Кремљ – се запали една од најголемите руски рафинерии
Рафинеријата во Рјазан, која произведува повеќе од 17,1 милион тони нафта годишно, постојано е цел на напади поради нејзината улога во снабдувањето на руската воена машинерија.
Украинската војска ноќеска изврши голем напад со дронови врз воена и енергетска инфраструктура во повеќе региони на Русија, објави „Киев индипендент“.
Препорачано
Фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат огромен пожар што избувнал во рафинеријата за нафта во Рјазан, по украински напад. Големи облаци чад се гледаат над градот и во утринските часови по нападот.
Жители на градот Рјазан пријавиле дека виделе неколку дронови како летаат над областа, пред да слушнат повеќе силни експлозии во реонот на рафинеријата.
– Украина очигледно стекна способност да ѝ нанесе болка на Русија на начин на кој претходно не можеше. Таа способност нема да исчезне – изјави за „Киев индипендент“ директорката на Програмата за неширење на оружје во Евроазија при Центарот „Џејмс Мартин“, Хана Ноте.
Additional footage of Russia’s Ryazan oil refinery suffering a catastrophic fire this morning after an overnight Ukrainian drone attack. pic.twitter.com/HX2Z3iDTOw
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 15, 2026
Рафинеријата постојано е под удар
Рафинеријата за нафта во Рјазан, која се смета за една од најголемите во Русија и произведува повеќе од 17,1 милион тони нафта годишно, постојано е цел на напади поради нејзината улога во снабдувањето на руската воена машинерија.
Гувернерот на Рјазанската Област, Павел Малков, соопшти дека остатоци од дрон погодиле неименувано претпријатие во регионот, како и неколку станбени згради.
Тој дополнително тврди дека во украинскиот напад загинале тројца, а 12 луѓе биле повредени.
На други места во Русија и на украинските територии окупирани од Русија, нападите со дронови погодиле авион „Бериев Б-200 Алтаир“ и хеликоптер „Ка-27“ во рускиот град Јејск, како и систем за противвоздушна одбрана „Топ-М2“ во окупираната Луганска област и систем „Панцир-С1“ во окупираниот Крим, соопштија украинските Сили за беспилотни системи во петокот.
Рјазан се наоѓа на околу 450 километри од североисточната граница на Украина со Русија, долж Сумската Област и на околу 180 километри југоисточно од Москва.
„Пет украински дронови беа соборени“
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека пет украински дронови биле соборени додека се приближувале кон руската престолнина, непосредно пред полноќ во четвртокот. Московските аеродроми Домодедово и Шереметјево привремено ги запреле полетувањата и слетувањата поради нападот.
Експлозии се слушнале и во Евпаторија и во Саки, на окупираниот Крим, за време на напад со дронови врз регионот, објави телеграм-каналот Кримски ветер.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта над Русија биле соборени 355 украински дронови.
Еден ден по смртоносниот напад врз Киев
Последниот пријавен украински напад се случи само еден ден по смртоносниот руски ракетен и дронски напад врз Киев, во кој загинаа најмалку 21 цивил, а најмалку 47 беа повредени.
По нападите врз Киев, претседателот Володимир Зеленски вчера изјави дека ѝ наложил на украинската војска да подготви „можни формати за нашиот одговор“.
Украинските дронови во последните недели сè почесто ја гаѓаат руската нафтена и гасна инфраструктура, како дел од поширока кампања за нарушување на енергетските приходи на Москва, кои се клучен извор за финансирање на воените напори на Кремљ.
Според податоци собрани од „Блумберг“, украинските напади врз руската нафтена инфраструктура во април достигнале највисоко ниво во последните четири месеци, со најмалку 21 напад врз рафинерии, нафтоводи и нафтени објекти на море.
Макрон: Русија со нападите врз цивили ја покажува својата слабост


