Руиз го шокираше светот, „уништен“ Ентони Џошуа! (ВИДЕО)

Принтскрин - YouTube

Руиз (29) во седмата рунда на подот го испрати досегашниот светски шампион во верзиите ВБА, ВБО и ИБФ за прв пораз на Џошуа во професионалната категорија.

И во рамките од третата рунда Џошуа беше на подот, а после серија удари на Руиз во седмата рунда судијата го прекина мечот.

Ова е вкупно 33 победа (22 со нокаут) и еден пораз во кариерата на Руиз. До овој меч Џошуа немаше ниту еден пораз во 22 професионални борби (21 со нокаут).

Британецот во план имаше да го предизвика сонародникот Тајсон Фјури, но условот беше победа против Руиз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот