Рударите на „Трепча“ казнети за штрајкот, им укинале четири дневници и топол оброк
Раководството на „Трепча“ ги казни за штрајкот рударите кои четири дена по ред го изразуваа своето незадоволство затоа што не земале плата. Ваквата одлука ја образложи в.д. директорот Енис Абдурахмани, велејќи дека имало саботажа и дека компанијата е оштетена, информира Коха, пренесува Коссев. Но, од синдикатот велат дека оваа одлука е неприфатлива и дека е направена за да се заплашат рударите – да не ги бараат нивните права. Тие штрајкуваа поради доцнење на платите, но раководството на „Трепча“ казни 151 рудар со суспендирање на платите и дневниците. Абдурахмани рече дека мерките се преземени во консултација со правната канцеларија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Законите се многу јасни, што значи дека секој бојкот и саботажа во траење од три работни дена може да доведе до престанок на работниот однос за секој работник што ќе го стори тоа“, потенцира Абдурхмани. Сепак, менаџментот бил информиран за можноста за штрајк на средба со претставници на Синдикатот, каде било предупредено дека тоа ќе се случи доколку платите не се исплаќаат до 10 август.
Од синдикатот на рударите „Трепча“ оваа одлука на раководството ја нарекоа неприфатлива и најавија дека ќе поднесат жалба против истата.


