Рубин Стефанов: Се надевам дека ќе ја оправдам довербата
Рубин Стефанов е најмладиот члeн на кошаркарсата репрезентација која од вчера се подготвува за последните два натпревари во квалификациите за СП 2023. Талентираниот кошаркар по втор пат за релативно кратко време, доби шанса од селекторот Драган Бајиќ да биде дел од сениорскиот национален тим.
Препорачано
Селекторот одлучи на последните две квалификациски средби од првата фаза за место на СП 2023 да го повика 17- годишниот член на Канту, кој пак не го криеше задоволството што во следниот период ќе помине со најдобрите наши кошаркари.
– За секој млад играч најголемиот сон е да биде дел од најсилната национална репрезентација на својата земја. Голема чест е што добив и повик, и што имам шанса да тренирам и да учам од најдобрите. Ова е големо искуство, мотив за понатаму.Ќе го дадам максимумот на секој тренинг, се надевам дека ќе ја оправдам довербата на селекторот Бајиќ, му благодарам за укажаната шанса – вели Рубин Стефанов.
Инаку, селекцијата на Македонија во среда патува за Шпанија, каде на 1. јули, во Сарагоса ќе ги одмери силите со актуелниот светски првак, a три дена подоцна во Скопје ја пречекуваme Украина.


