Роналдо се излечи од коронавирус

фото: твитер

Последниот тест на Португалецот е негативен.

Фудбалерот на Јувентус и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, беше позитивен на коронавирус од 13. октомври и оттогаш се наоѓа во карантин.
Тој имаше два позитивни теста, од кои последниот беше непосредно пред дуелот со Барселона во Лигата на шампионите.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Кристијано Роналдо конечно се опорави и неговиот тест е негативен.

„Кристијано Роналдо се враќа. Тој беше негативен на ковид-19 на последниот тест“, напиша на својот Твитер профил, Фабрицио Романо, најпознатиот италијански фудбалски новинар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот