Романтичен фустан за сите прилики: Кралицата Летиција заблеска во цветен дезен! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Најженствениот стајлинг на кралицата Летиција досега… не постои жена на која не би и се допаднал овој фустан!

Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг Фелипе, ја продолжија својата турнеја низ Шпанија, а денес беа гости во Сорија, каде најпрвин ја посетија Винуеса и наидоа на гостопримлив пречек од мештаните. Кралот и кралицата зборуваа со собраната маса луѓе, постојано носејќи заштитни маски и држејќи се на дистанца.

Кралицата Летиција за оваа прилика избра фустан во моментално најпопуларниот дезен. Цвеќето на гардеробата е апсолутен хит на сезоната, а на него не му одолеа ниту Летиција.

Фото: Профимедиа

Освен дезенот, еднакво актуелен е и овој модел на фустан. Имено, кошула-фустанот се наоѓа на самиот врв на модната листа ова лето, велат модните експерти.

Овој фустан лесно се вклопува во лежерните, но и во елегантните варијанти, а многу лесно може да биде и дел од деловниот аутфит, што го прави модел во кој вреди да инвестирате ова лето.

Летиција избра и кафени еспадрили и со тоа на совршен начин ја заокружи модната приказна. Шминката како и секогаш и беше со совршена мерка, па така целиот нејзин изглед беше совршен.

Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот