Ролан Гарос: Ѓоковиќ експресно во второто коло

5 јануари 2022 година нема да го памети по добро Новак Ѓоковиќ: Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во второто коло на Ролан Гарос откако во последниот натпревар денеска го победи Тенис Сандгрен со 6:2,6:4,6:2. Ова беше четврти меѓусебен дуел помеѓу овие двајца тенисери, и сите четири победи му припаднаа на Ѓоковиќ кој загуби само еден сет и тоа на УС Опен 2018 година.

Српскиот тенисер ја продолжи доминацијата во меѓусебните дуели бидејќи пласманот во второто коло го обезбеди за помалку од два часа, а и не му дозволи ниту еден брејк на противникот.
Уште во првиот сет беше јасно дека Ѓоковиќ ги држи работите под контрола, веднаш направи брејк за водство од 2:0, а потоа следеше уште еден брејк за 5:2 по што рутински го освои првиот сет за 31 минута игра.

Вториот сет донесе малку поголема неизвесност, Србинот се мачеше со противникот но не дозволи изненадување. Во вториот гем од 0:40 успеа да го освои гемот со што го потврди брејкот за 2:0. До крајот на вториот сет, Ѓоковиќ рутински ја одржуваше предноста и на крајот славеше со 6:4 за 51 минута игра.
Во третиот сет, работите беа решени на самиот почеток бидејќи Ѓоковиќ направи два брејка со кои си го трасираше патот во второто коло на Ролан Гарос.
Нареден противник на Ѓоковиќ ќе му биде Пабло Куевас, а натпреварот ќе се игра в четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот