Родителите против дигиталните учебници во среда пред МОН ќе излезат со свои барања

Родителите, но и наставниците кои членуваат во групата „Учебници и настава мора да има“, а се против целосната дигитализација во образованието, во среда пред Министерството за образование и наука ќе ги соопштат своите барања.

– Пресот во среда пред МОН ќе ги каже сите наши идни дејствување. Таму ќе ги доставиме сите наши барања – вели Драгана Спасевска за „Слободен печат“, дипломиран воспитувач, која стои зад оваа група.

ВИДЕО АНКЕТА: Дел од граѓаните немаат доверба во електронските учебници

Родителите денеска треба да одржат онлајн состанок на кој ќе присуствуаат и наставници, педагози, психолози, а на кој ќе се одлучува за следните чекори на родителите.

Досега во групата се разгледуваа повеќе опции, како бојкот или протест, меѓутоа пред состанокот нема да бидат преземени никакви порадикални чекори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот