Родителите преку потписи со нов обид за реализација на иницијативата за референдум против дигитализацијата

Скопје, 28 април 2021 - Фото: Слободен Печат. / Михаило Донев

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ од денеска преку две подрачни единици на Државната изборна комисија започна со собирање на потписи за распишување на референдум против дигитализацијата на државно ниво.

– ДИК го прифати нашето барање, а собирањето на потписи веќе започна и е во тек – изјави координаторот на оваа иницијатива Драгана Спасевска за „Слободен печат“, додавајќи оти во меѓувреме, односно утре, протестите против дигитализацијата ќе продолжат во сите градови во попладневните часови.

Собирањето на потписите пак, кое започна од денеска, ќе трае се до четврток и тоа во подрачно одделние во Центар (за општините Центар и Аеродром) во Скопје, како и во подрачното одделние на ДИК во Битола за општините Битола, Новаци и Могила.

Според Спасевска, сите останати подрачни единици на ДИК ќе бидат отворени во следната фаза, кога очекуваат позитивен исход од Собранието.

Иако во својот прв обид предлогот за референдум да го достават во Собрание беа експресно одбиени, со објаснување оти доставените 600 потписи се собрани на незаконски начин, Спасевска сепак рече оти сега ќе им бидат потребни над 100 потписи за повторно да испратат барање.

– Најважно е сега да собереме 100 потписи најмалку. Потоа повторно ја поднесуваме во Собрание постапката за покренување на граѓанска иницијатива за референдум, со цел да се овозможи непосредно изјаснување на граѓаните – заврши Спасевска.

Сите граѓани кои се потпишале од претходно, ќе мора да го направат повторно во наредните три дена, со цел потписите кои сега се собираат да бидат важечки. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот