Роденденски подарок за ФК Вардар: „Црвено-црните“ добиваат 15 милиони денари од Град Скопје

Фото: ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар веќе подолг период поминува низ тешки денови и втора сезона игра во Втората македонска лига.

Најголемиот проблем за Вардар се финансиите, клубот засега функционира како второлигаш кој се бори за враќање во елитата, а сега ќе добие финансиска инекција од Град Скопје во износ од 15 милиони денари или околу 243.000 евра. 

На денешната седница на советот на Град Скопје Арсовска реагирала на амандманот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ финансиски да се помогне на Вардар.  Реакции имало и од советниците од албанските партии кои побарале пари за ФК Шкупи. Иако градоначалничката Арсовска појасни дека станува збор за приватен клуб и дека Град Скопје не треба да финансира приватни компании, а со таквиот став се согласија и дел од советниците, сепак советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во Советот, без проблем го изгласаа амандманот.

Оваа финансиска инекција за Вардар доаѓа како роденденски подарок на само девет дена пред прославата на 75. роденден на клубот, додека навивачката група „Комити“ слави 35 години. На 23 ноември, на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почекот од 19:30ч. ќе се одигра пријателскиот натпревар помеѓу екипите на Ф.К. Вардар и Ф.К. Железничар од Сараево. Цената на билетите за овој натпревар изнесува симболични 100 денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот