Робот заигра „Гангнам стајл” на отворањето на Дигиталниот самит во Белград

Почетокот на вториот Дигитален самит на Западен Балкан го обележа и роботот Титан, кој пред присутните заигра на светскиот хит „Гангам стајл” од Псај.

Пред официјалното обраќање, роботот го прекина водителот на сцената, па по кусо расправање, му „ја украде” улогата.

– Дами и господа, дали сте подготвени да уживате во забавата – ја праша роботот публиката, по што веднаш го заигра накратко својот „Гангнам стајл”.

Откако го заврши својот танц, машината ја изговори култната реченица на Арнолд Шварценегер во „Терминатор 2″ – „I’ll be back” (Ќе се вратам) и замина од сцената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот