Роберт Јарни доби отказ бидејќи навива против Динамо Загреб
Со едногласна одлука на Извршниот одбор на Хрватската фудбалска федерација, Роберт Јарни е разрешен од должноста селектор на репрезентацијата до 17 години по непримерните изјави во медиумите.
Препорачано
Откако се потврди автентичноста на изјавата на Роберт Јарни дека ќе го бодри Бетис против Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски во натпреварувањата на УЕФА, Извршниот одбор на федерацијата донесе едногласна одлука Јарни да не може да остане селектор на У17 репрезентацијата на Хрватска.
Како што се додава, Извршниот одбор на ХНС го поддржува правото на секој поединец, вклучително и на секој фудбалер – вклучително и репрезентативци – да навива за кој клуб сака, дури и против хрватските клубови во Европа, иако таквото размислување не се смета за пожелно.
Сепак, хрватската федерација е со многу јасен став дека повисоки стандарди важат за сите хрватски тренери и дека е несоодветно, непожелно и недозволиво лице на чело на хрватска репрезентација отворено да навива кој било хрватски клуб во европско натпреварување.
Како што се наведува, со тоа се испраќа многу лоша порака, особено до играчите во репрезентацијата, меѓу кои има и фудбалер од клуб против кој навива нивниот тренер.


