РК Металург: Треба сите клубови да ѝ помогнат на македонската репрезентација

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Ракометниот клуб Металург денеска официјално информира дека спогодбено се раздели со двајца интернационалци, Никола Потиќ и Маријан Мариќ.

И двајцата ракометари беа надвор од квотата пропишана од нашата федерација, а со нивното заминување бенефит ќе имаат македонските играчи на нивните позиции.

– Металург спогодбено ги раскина договорите со Никола Потиќ и со Маријан Мариќ, поради неможноста тие да се вклопат во концептот за странски играчи. Им се заблагодарувам на досегашната соработка, тие се квалитетни играчи кои заслужуваат да имаат многу поголема улога во тимот од таа што ние можевме да им ја пружиме во моментов.

Јас и стручниот штаб сме согласни дека е време Мартин Серафимов да го понесе товарот на прв десен бек. За тоа тој е спремен и физички и психички, созреан доволно за да може да одговори на тој предизвик, во клубот и во репрезентацијата.

Мое мислење, како претседател на македонски клуб и член на УО на РФМ, е дека во овој период сите клубови заеднички треба да помогнеме и да ги подигнеме македонските играчи на ниво на кое ќе можат да ѝ помогнат на репрезентацијата.

Странските искусни играчи ќе бидат секогаш добредојдени, покрај нив младите ќе можат да учат и да напредуваат. Ситуацијата е загрижувачка и затоа мора да се направи чекор повеќе за развивање на играчите во сите клубови – вели претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Блажевска исто така потенцираше дека со Потиќ и со Мариќ заврши листата на ракометари кои ќе бидат ослободени од обврските во Металург и дека во наредниот период клубот ќе добие засилувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот