Ристовски, столбот во одбраната, славеше финале со тапан! (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Дефинитивно и играчот на португалскиот клуб Спортинг Лисабон имаше голем придонес за пласманот во големото финале од плеј-офот за пласман на ЕП.

Стефан Ристовски придонесе за првиот гол на Македонија во победата од 2:1 над Косово, а успешно ја заврши и својата задача во одбраната и ги спречуваше сите налети на противникот.

Веќе се размислува за големото финале против Грузија на 12 ноември, но до тогаш имаше уште доста време, а вчера веднаш после мечот се прославуваше големата победа.

Ристовски покрај тоа доминира во дефанзивниот дел, докажа дека е мајстор и на удирање тапан.

Со музика се слави триумфот, а се надеваме дека и наредниот месец атмосферата ќе биде победничка со историски пласман на Европското првенство, кое би било прво за нас во историјата во сениорска конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот