Доколку ја победиме Грузија, ќе играме во групата „Ц“ на ЕП!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Се слави пласманот во големото финале од плеј-офот за пласман на наредното Европско првенство после триумфот во Скопје против Косово (2:1).

Последен ривал на патот кон континенталниот собир на македонската А репрезентација е Грузија која вчера ја елиминираше Белорусија.

Доколку на 12 ноември 2020 година на гостувањето во Тбилиси триумфираме против Грузијците, на ЕП ќе бидеме сместени во групата „Ц“ со селекциите на Австрија, Холандија и Украина.

Натпреварите во таа група ќе се играат во две земји, поточно Букурешт (Романија) и Амстердам (Холандија).

Среќен од пласманот во финалето на Лигата на нации (Лига „Д) секако е и играчот на Лидс јунајтед, Езџан Алиоски:

– ФИНАЛЕ! Само уште една победа за сонот! – напиша Алиоски на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот