„Рисовите“ и полни трибини на патот кон ЕУРО 2020! (ФОТО)

ffm.mk

Нашата фудбалска сениорска репрезентација го одржа првиот тренинг на Националната арена „Тодор Проески” во пресрет на дуелот со Словенија на 10 октомври од 20:45 часот, од квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра следната година.

Селекторот Игор Ангеловски ги имаше на располагање сите репрезентативци на кои смета за престојниот меч кој е еден од најважните во квалификацискиот циклус.

Победата ни треба и само трите бода се во мислите на популарните „рисови“ кои имаат убава шанса во последните четири кола да се надминат себеси на патот кон историски пласман на еврошампионатот 2020 година.

Ослабени сме поради повредениот Енис Барди и суспендираниот Егзон Бејтулаи, а селекторот дополнително ги повика младиот Марио Младеновски од Вардар и Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев.

Повеќе информации околу цените на влезниците за натпреварот Македонија-Словенија на следниот ЛИНК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот