Ангеловски: Ќе играме офанзивно, поинаку не знаеме

фото: ФФМ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски најавува офанзивна игра против Словенија во квалификациите за ЕП 2020 година. „Рисовите“ на 10 октомври на Националната Арена „Тодор Проески“ ја пречекуваат Словенија, а по три дена и гостуваат на селекцијата на Полска. Селекторот на собирот на репрезентативците изјави дека фокусот е насочен кон првиот противник.

– Силно верувам во овие момци и во нивниот победнички менталитет и така ќе биде и против Словенија. Ќе играме офанзивно и на победа, затоа што ние поинаку и не знаеме. Мислам дека натпреварот против Словенија ќе биде најдобриот наш одигран натпревар во овие квалификации – вели Ангеловски.

Проблем за селекторот претставува отсуството на стандардниот Енис Барди кој поради повреда не може да им помогне на соиграчите на натпреварот против Словенија. На негово место, Ангеловски ги повика Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и фудбалерот на Вардар, Марио Младеновски.

– За жал тоа што го најавив за Барди дека не се најоптимистички прогнозите при објавувањето на списокот, се оствари. Загубивме важен член во тимот, а поради суспензијата на Бејтулаи дополнително ги повикав Ѓорѓи Стоилов и Марио Младеновски. Сега очекувам да нè одминат повредите од тоа што сега го имаме на располагање и посакувам на најдобар начин да се подготвиме – вели селекторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот