Ринго Стар го слави 80-от роденден – Честитки му пристигнаа и од вселената!

твитер

Ринго Стар ги повика луѓето да се прудружат на „движењето за мир и љубов“…

Легендарниот бубњар на „Битлси“ Ринго Стар доби илјадници роденденски честитки, а сигурно најпосебни беа двете пораки од Меѓународните вселенски станици (ISS) и Curiosity (rover) од Марс.

– Вау, ова се првите „мир и љубов“ од вселената – напиша во својот твит ѕвездата во одговорот на двете пораки од овие две вселенски станици.

Ринго Стар ги повика луѓето да се придружат на „движењето за мир и љубов“ со цел сите заедно да го прослават неговиот роденден.

твитер

– Моите колеги и јас испраќаме најискрени и најубави желби за роденденот. Вие сте музичка икона, вашата порака за мир и љубов со децении одекнува во светот – напиша американскиот астронаут од (ISS), Крис Кесиди во видеопораката.

Стар стана член на „Битлси“ на почетокот на 1960-те со Пол Мекартни, Џон Ленон и Џорџ Харисон. Освен Стар, Мекартни е уште едниот жив член на групата која се распадна на крајот на 1969 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот