Рики Рубио постигнал договор, се враќа во Барселона

Фото: EPA-EFE/MARISCAL

Шпанскиот кошаркар Рики Рубио ќе потпише договор со Барселона до крајот на сезоната, пренесува „Марка“.

Вакво нешто се најавува уште од моментот кога Рубио испрати барање до Барселона да тренира во клубот за да се подготви за новиот предизвик по заминувањето од НБА лигата. Каталонците му одговорија потврдно, а сега успеале и да постигнат договор. Шпанецот ќе биде дел од екипата до крајот на сезоната.

Барселона ќе го регистрира пред истекот на рокот во Евролигата за ангажирање на нови играчи (среда), но нема да брза со неговото деби, туку Рубио ќе продолжи да ја бара својата форма.

Рубио изминатото лето имаше проблеми со менталното здравје и минуваше низ тежок период, па поради тоа и го пропушти Светското првенство во Манила, па во Барселона сакаат да бидат трпеливи.

Своевремено Рубио настапуваше заедно со сегашниот тренер на Барселона Роџер Гримау и во текот на 2010 година со Барселона ја освоија Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот