Ридско-брзинска трка на Пониква од државниот шампионат во автомобилизам

mia.mk

На патеката долга 6,4 километри кон планинскиот туристички центар Пониква денеска се возеше ридско-брзинската трка „Кочани 2019″, во рамки на Државниот шампионат во автомобилизам.

На натпреварот, чиј организатор беше АКК „Custom car RT” од Скопје, во сите четири класи учествуваа 25 возачи од Македонија и гости од Бугарија, а трката ја завршија 18 возила.

Во класата N-1400 имаше само двајца натпреварувачи, а трката успешно ја заврши Тоше Темелковски од АКК „Скопје”. Кај возачите од класата Е1-1600 победи Филип Василевски од АКК „Custom car RT”, а во најсилната класа Е1-2000 првото место му припадна на Димитри Кимовски од АКК „Перформанс”.

Во екипна конкуренција најмногу поени освоија возачите од АКК „Custom car RT”, пред АКК „ПСС РТ” и АКК „Скопје”. На прогласувањето на најдобрите, награди им беа доделени и на гостите од Бугарија, Диана Стојанова која возеше во класата Е1-2000 и Јасе Николов во Е1-1600, како и на дебитантот од Кочани, Дејан Манасиев.

Во најниската класа А-1150, во која имаше и најголема конкуренција, најбрз беше Георгиј Наков од АКК „ПСС РТ” од Скопје. До крајот на сезоната преостануваат уште кружната трка во Кичево и ридско-брзинскиот натпревар на Витачево кај Кавадарци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот