Рибарските чамци се најголеми загадувачи на Јадранот, Медитеранот и океаните
Ново истражување објавено во списанието Нејчр од холандската организација Оушн Клинап покажа дека пет земји произведуваат најголем дел од пластичниот отпад пронајден во Северниот Тихи Океан.
Препорачано
Според студијата предводена од океанографот Лоран Лебретон, која го анализирала потеклото и составот на 6.000 примероци од островот ѓубре од Тихиот Океан со вкупна тежина од околу 500 килограми, најголеми загадувачи се Јапонија, Тајван, САД, Јужна Кореја и Кина, вклучувајќи ги Хонг Конг, објави Индекс хр.
Студијата исто така покажа дека околу 86 отсто од големите парчиња пловечка пластика на островот ѓубре потекнуваат од рибарски чамци. Некои од овие парчиња и предмети биле постари од 60 години. Вообичаено, на пластичните предмети им требаат до 1.000 години за да се разградат на депониите.
На пластичните кеси што ги користиме во секојдневниот живот им требаат 10-20 години за да се разградат, додека на пластичните шишиња околу 450 години. Многу долгиот животен век на пластиката е еден од важните аргументи за поддршка на тезата дека светот е во геолошката епоха на антропоценот – ера на значително човечко влијание врз геологијата, екосистемите и живиот свет на Земјата.


