Eлена Рибакина/Australian Open

Рибакина со победата над Сабаленка заработи и богата награда, рекордна досега

Елена Рибакина приреди изненадување во финалето на Австралија опен, откако ја совлада првата тенисерка на светот Арина Сабаленка и ја освои својата втора грен-слем титула во кариерата, триумф што ѝ донесе и сериозна финансиска добивка.

Годинешното издание на првиот грен-слем во сезоната се играше за рекорден награден фонд од 111,5 милиони австралиски долари, односно околу 65,5 милиони евра, што претставува зголемување од речиси 16 отсто во однос на минатата година. Ова воедно е и најголемиот пораст на наградниот фонд во историјата на турнирот во Мелбурн.

Организаторите оваа година обезбедија и значително поголеми награди за шампионите, кои добија дури 19 проценти повеќе во споредба со претходното издание, и во машка и во женска конкуренција.

Со освојувањето на титулата, Рибакина инкасираше 4,15 милиони австралиски долари, односно околу 2,44 милиони евра. Поразената Сабаленка си замина со 2,15 милиони австралиски долари, што е приближно 1,26 милиони евра. Идентична сума ќе им припадне и на финалистите во машка конкуренција, Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

Рибакина ја доби драмата со Сабаленка и го освои Австралија опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот