Револуционарен план на ПСЖ за намалување на платите

EPA-EFE/YOAN VALAT

Сите спортски екипи во светот се соочуваат со финансиска криза бидејќи натпреварувањата се прекинати и тие се приморани да ги намалуваат платите на своите спортисто. Во тоа не е исклучок ниту фудбалот каде кризата највеќе се одразува врз најбогатите и најголемите екипи.

Најголемиот извор на приходи за најголемите екипи се ТВ правата, а бидејќи нема натпревари нема ниту пари.

Поради тоа, неколкумесечната пауза може да значи и битка за егзистенција на екипите и поради тоа се почести се постапките каде се намалуваат платите.

Најголем дел од кратењата на платите се за 50 проценти, но има и примери каде намалувањето е дури 70 проценти.

Еден од најбогатите фудбалски тимови, ПСЖ смисли малку поинаков план во кој најпогодени ќе бидат најдоброплатените фудбалери и тој план веќе е доставен до челниците на француската Лига 1 бидејќи сметаат дека е најдобро решение за сите екипи.

Во ПСЖ одлучија 50 проценти помали плати да имаат најдоброплатените фудбалери, а во зависност од примањата, платите би се намалувале за по 10 проценти.
50% намалување за фудбалерите кои заработуваат повеќе од 100.000 евра месечно
40% намалување за фудбалерите кои заработуваат помеѓу 50.000 и 100.000 евра месечно
30% намалување за фудбалерите кои заработуваат помеѓу 20.000 и 50.000 евра месечно
20% намалување за фудбалерите кои заработуваат помеѓу 10.000 и 20.000 евра месечно
На фудбалерите кои заработуваат помалку од 10.000 евра месечно нема да им бидат намалени платите.

Најдоброплатен фудбалер на ПСЖ е Нејмар со 35 милиони евра годишна плата, додека Килијан Мбапе заработува 20.8 милиони евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот