Револуционерен трик на домаќинките: Кујнските крпи чувајте ги во фрижидер

Фото: Пекселс/ tima-miroshnichenko

Постојат различни начини на кои домаќинкте ги чуваат кујнските крпи. Некои ги чуваат на мијалник, некои ги закачуваат во кујната, а некои ги ставаат во фрижидер.

Кога ќе ја слушнете причината, најверојатно ќе ја промените вашата навика. Искористените крпи, особено ако не се добро испрани или не се менуваат редовно, можат да станат подлога за размножување на различни видови микроорганизми.

Чувањето на крпите во фрижидер може да го забави нивниот раст, бидејќи микроорганизмите обично сакаат топлина.
Сепак, ова не е единствената причина зошто ве советуваме да ги чувате крпи во фрижидер. Причината е всушност прилично едноставна, но можеби досега не сте размислувале за тоа.

Фото: Пекселс/ tima-miroshnichenko

Материјалот од кој се направени крпите вообичаено многу впива влага. Ова може да биде одличен начин да се отстрани вишокот на влага што често постои внатре во фрижидерот. Само ставете ги на полиците. Овој метод е особено корисен ако често имате многу овошје и зеленчук во фрижидерот.

Наместо овошјето и зеленчукот да ги ставате директно на полиците на фрижидерот, ставете ги на крпа. На тој начин, ако нешто се скрши или истури, контаминацијата ќе заврши на крпата, а не на самите полици или зеленчук. Наместо да треба темелно да го исчистите целиот фрижидер, едноставно заменете ја крпата со нова. Кујнските крпи апсорбирајќи ја влагата, спречуваат таа да се акумулира во храната. Тоа е едноставен, но ефикасен трик. Секако, се претпоставува дека крпите ќе бидат чисти пред да ги ставите во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот