Ревизорите „чешлаа“ во Илинден: Се граделе улици и објекти без одобренија и дозволи, нетранспарентни исплати за спорт и култура…
Во постапките за утврдување на правен статус на дивите објекти, ДЗР констатирал дека не се почитуваат законските рокови, не е постапено по одлуките на Советот за донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на нелегалните објекти, додека пак за објектите кои биле одбиени за легализација, Општината не презела мерки за нивно отстранување.
Без соодветно евидентиран имот и непреземени активности за запишување на правото на сопственост, изградба на локални патишта и улици без одобрение за градба, реконструкција на објекти без проектна документација и нетранспарентна распределба на средства за култура и спорт се дел од нерегуларностите кои државните ревизори ги утврдиле за Општина Илинден.
Препорачано
-При ревизија на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Илинден, за 2024 година, каде, утврдени се состојби кои упатуваат на неправилности и неусогласености во работењето на Општината. Ревизијата утврди состојби кои упатуваат на неправилности и неусогласености во работењето на општината. Поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива и неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива- соопштуваат од Државниот завод за ревизија.
Ревизорите соопштија дека сметководствената и даночната евиденција на Општината не се усогласени за сума од 648.000 евра. Исто така, локалната самоуправа не утврдила старосна структура на долговите и има, како што велат, неизвесна наплата на побарувања од минати години во износ од над 57 милиони денари, или за нешто над 920.000 евра.
Од ДЗР додаваат дека и плаќањата за утврдување на правниот статус на дивите објекти и за уредување на градежно земјиштепо се евидентирале по наплатата, наместо во моментот на плаќањето.
Ревизорите утврдиле дека пазарната вредност на недвижниот имот на Општина Илинден не е соодветно утврдена, податоците во регистарот на недвижен имот не се ажурирани, не се пресметува камата за задоцнето плаќање, не е воспоставен механизам за присилна наплата на данокот на имот додека даночните обврзници кои се стекнале со дополнителен или нов имот не се задолжуваат соодветно.
Ревизијата утврдила дека кај договорите за отуѓување на неизградено градежно земјиште во сопственост на државата, од страна на купувачите не се почитуваат договорените рокови за изградба, а до 2023 година не се пресметувале и наплатувале казнени пенали.
Во постапките за утврдување на правен статус на дивите објекти, ДЗР констатирал дека не се почитуваат законските рокови, не е постапено по одлуките на Советот за донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на нелегалните објекти, додека пак за објектите кои биле одбиени за легализација, Општината не презела мерки за нивно отстранување.
Од Заводот посочуваат дека угостителите на територијата на Општина Илинден поставуваат урбана опрема и се вршат угостителска дејност надвор од деловните објекти без издадени одобренија, при што локалната самоуправа не остватрува приходи од комунална такса за користење на јавниот простор.

Во извештајот се соопштува дека изградбата и реконструкцијата на локални патишта, улици и спортски терени во вредност од околу 1.6 милиони евра се вршеле со сериозни пропусти, како изведување градежни работи без одобрение за градење, реконструкција на објекти без одобрен проект, се издавале налози за работа без технички спецификации и цени, а се изведувале и работи што воопшто не биле предвидени во налозите.
Во областа на културата и спортот, пак, исто така Општината исплаќала јавни средства без јавен повик и без прецизни критериуми, односно средствата се делеле без транспарентна процедура, велат ревизорите.
Во Илинден пропусти имала и администрацијата, каде ДЗР утврдил неправилни пресметки на платите на службениците за минат труд и за боледувања, како и прекршувања во постапките за доделување на договори за јавни набавки.
Од Државниот завод за ревизија соопштија дека веќе се дадени препораки до надлежните лица во Општина Илинден за подобрување на овие состојби и усогласување со законите.


