Државен завод за ревизија / Фото: МИА

Ревизијата откри низа неправилности во финансиското работење на најголемите политички партии

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави конечниот извештај за регуларноста на финансиското работење на шест политички партии за 2023 година: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Движење БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива. Извештајот открива сериозни слабости во управувањето со средства, законитоста на трансакции, и водењето на сметководствената евиденција.

Кај ДУИ е утврдено дека се надминати законските лимити за членарина, а истовремено е евидентиран недостиг на кадровска екипираност согласно законските барања. СДСМ, пак, по повеќе од три децении, сѐ уште не го има решено сопственичкиот статус на партиското седиште, што не е евидентирано во сметководството.

ВМРО-ДПМНЕ се соочува со забрана за располагање со дел од партискиот имот поради судска постапка, што влијае на точноста на финансиските извештаи. Алтернатива прикажала помал приход поради неевидентиран вишок, а нема ниту материјална евиденција на постојаните средства. Алијанса за Албанците не води книга на капитален имот, а договорите за вработување не ги исполнуваат сите законски критериуми. И во БЕСА се препорачува унапредување на законската регулатива и евидентирањето на членарината.

Ревизорите препорачуваат сите партии да ги унапредат процедурите за финансирање на кампањи, да ја уредат евиденцијата на членарини, и да се усогласат со сметководствените начела за непрофитни организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот