Ретка банкнота од 10.000 долари продадена на аукција за 480.000 долари

Фото: Getarchive

Ретка банкнота од десет илјади долари од периодот по падот на њујоршката берза пред сто години е продадена за 480.000 долари на аукција, објави „Си-ен-ен“(CNN). 

Банкнотата, издадена во 1934 година е со исклучителен квалитет, процени аукциската куќа „Херитиџ“ (Heritage Auctions) со седиште во Далас.

Банкнотата од Бостон, на која се наоѓа ликот на тогашниот секретар за финансии на претседателот Линколн, Салмон П. Чејс, беше ѕвезда на аукцијата на банкноти и е продадена за рекордна цена минатиот петок.

„Банкнотите со големи деноминации отсекогаш го привлекувале интересот на колекционерите од секаков вид“, изјави Дастин Џонстон од „Херитиџ“. Златниот сертификат од 100.000 долари е издаден во 1934 година, а од 18-те примероци оценети од експерти, овој примерок имал речиси највисока оценка.

Највисоката цена за која претходно била продадена банкнота од 10.000 долари од 1934 година била 384.000 долари во септември 2020 година, изјави портпаролот на аукциската куќа, додавајќи дека продажбата „поставила рекорд за банкнота од 1934 година“.

Банкнотата од 10.000 долари е банкнота со најголемата деноминација досега во оптек, бидејќи банкнотата од 100.000 долари се користела само за пренос на средства меѓу банките, според веб-страницата на Музејот на американските финансии. Оваа банкнота, која е ставена на аукција, никогаш не била во оптек, велат од аукциската куќа „Херитиџ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот