Реставрација на манастирот „Св. Пантелејмон” во Нерези

Во рамки на денешната онлајн седница на Советот на општина Карпош беше прифатена одлуката за меѓуопштинска соработка со градот Скопје, за реконструкција на улици во населбата Нерези. Советниците го изгласаа и предлогот за конзерваторски и реставраторски работи на манастирот „Св.Пантелејмон” кој датира од 12-тиот век и е еден од културно-историските обележја не само на Општина Карпош, туку и на Град Скопје.

Советниците, како што соопшти општината, дадоа „зелено светло” и за грант од Министерството за труд и социјална политика, со помош на кој треба да се обнови градинката „Орце Николов” во населбата Карпош 3.

– Еден од приоритетите на локалната самоуправа е модернизирање на градинките, со цел да се подобрат условите за престој во претшколските установи. На денешната седница, советниците ја одобрија и иницијативата за распишување на јавен повик за формирање на младински совет. Формирањето на овој младински совет треба да обезбеди поактивно учество на младите карпошани во реализацијата на разни проекти и настани, кои се од интерес на младината, како и нивна партиципација во решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите од оваа возрасна категорија, се вели во соопштението.

Советниците одобриле и финансиски средства за реализација на дел од проектот „Училиштето е место за поттик на младите за позитивни промени и унапредување на животната средина” во ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош”. На седницата се изгласала и одлуката за вработување на кадар во девет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2020/2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот