Решфорд може да ја освои „Златната топка“

twitter.com/BBCMOTD

Англискиот репрезентативец има квалитети за да биде еден од најдобрите играчи на светот…

Еден од одбранбените играчи на Манчестер јунајтед, Лук Шо верува дека Маркус Решфорд еден ден ќе ја освои „Златната топка“.

Маркус секојдневно напредува, созреа многу. Тој е вистински пример за секого, а неговото семејство придонесе да го задржат цврсто на земја. Дефинитивно е инспирација за сите млади играчи. Понекогаш тој изгледа незапирлив, самоуверен. Никогаш досега не сум го видел таков. Тој секогаш бил уверен, но не на толку високо ниво – рече Шо за клупскиот сајт.

Англискиот репрезентативец има квалитети за да биде еден од најдобрите играчи на светот…

Нема причина да се мисли дека не може да ја освои „Златната топка” еден ден, доколку продолжи да работи толку напорно – додаде Шо.

22-годишниот Решфорд од 2015 е член на „црвените ѓаволи“ и досега има учинок од 41 гол во 133 натпревари, а за „Гордиот албион“ има 10 погодоци во 38 мечеви.

Решфорд има договор со Јунајтед до 30 јуни 2023 година и моментно според „Трансфермарк“ вреди 64 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот