Реприза на финалето од Рио, Норвежанките ќе ја бранат бронзата

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Познат е и вториот финалист на женскиот ракометен турнир на Олимписките игри во Токио, тоа е Рускиот олимписки комитет кој го изненади првиот фаворит Норвешка со 27:26 (14:11).

Како и пред пет години во Рио де Жанеиро за златото ќе се борат селекциите на Франција и Русија. Тогаш во бразилскиот град Русинките беа подобри од Франција со 22:18.

Французинките денеска триумфираа над Шведска и втори олимписки игри по ред се наоѓаат во финалната битка во нов обид да дојдат до златниот медал.

Норвешка ќе ја брани бронзата од Рио против Швеѓанките, а има уште една освоена во 2000 година во Сиднеј.

За Русинките на денешниот дуел најефикасна беше Вјахирева со девет голови, а значаен придонес имаше и Седојкина со 11 одбрани.

Кај Норвежанките Лунде се истакна со 14 интервенции, а најрасположена за погодоци беше Мерк (10).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот