Второ олимписко финале по ред за француските ракометарки

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Француските ракометарки денеска се пласираа во финалето на Олимписките игри во Токио на женскиот ракометен турнир откако ја совладаа шведската репрезентација со 29:27 (15:14).

Најефикасна во победничката селекција беше Грас Зади со седум гола, а Паулета Фопа постигна пет гола.

Во репрезентацијата на Шведска се истакнаа Јоана Вестберг и Џени Карлсон со по шест гола.

Ова е второ последователно финале на Франција на Олимписките игри, откако беа поразени од Русија во Рио де Жанеиро 2016.

Вториот полуфинален дуел ќе се игра од 14.00 часот помеѓу Норвешка и Рускиот олимписки комитет. Натпреварите за медали ќе се играат в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот