Репрезентативецот Поповски го направи и првиот трансфер во странство

фото: rkprolet.mk

Македонскиот ракометар досега ги бранеше боите на РК Тинекс Пролет и воедно освои две шампионски титули во ЛШ со екипата на Вардар.

Десното репрезентативно крило го прави својот прв трансфер во странство, поточно во Швајцарија.

Мартин Поповски (25) досега ги бранеше боите на ракометниот клуб Тинекс Пролет, а од наредната сезона ќе ги брани боите на Амичитиа Цирих.

Оваа информација ја потврдија и од швајцарската екипа која информира дека нашиот ракометар потпиша договор на две години.

Започна во Текстилец, па продолжи во Вардар Јуниор, а со првиот тим на Вардар успеа и да се закити со титули во Лигата на шампионите.

Да додадеме уште дека пред два дена неговиот довчерашен клуб РК Тинекс Пролет објави дека прекинува со тренинзи поради епидемијата на коронавирусот.

– Останете дома, чувајте се и внимавајте на себе и на другите, тоа е единствениот начин да излеземе од ова заедно како победници – информираа од РК Пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот