Репрезентативецот Костадинов на „радарот“ на словачкиот шампион

Фото: ФФМ

Македонскиот фудбалер досега ги бранеше боите на Ружомберок, а денеска како што пренесуваат словачките медиуми од следната сезона би можел да има нов клуб.

Тихомир Костадинов кој настапи на Европското првенство минатиот месец се наоѓа на „радарот“ на Слован Братислава.

Нашиот 26-годишен репрезентативец настапува во средниот ред и од следната сезона би можел да настапува за екипата која лани ја освои титулата во најсилното словачко првенство.

Костадинов пред да се пресели во Ружомберок ги бранеше боите на Моравац Мрштане, Тетекс, Дукла Банска Бистрица и ВиОн Злате Моравце.

Македонецот би требало да биде замена за повредениот Давид Холман, а останува да се види дали преговорите меѓу Ружомберок и Слован Братислава на крајот ќе бидат успешни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот