фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Реми во Валенсија го оддалечи Бетис од Лигата на шампионите, Мајорка го слави Муричи

Фудбалерите на Бетис продолжија со солидните изданија на гостински терен, но во дуелот од 12. коло во Ла Лига ремизираа 1:1 против Валенсија, која во финишот успеа да избегне пораз.

Домаќините беа поблиску до водство во првиот дел, но мрежите останаа мирни сè до последната петтина од натпреварот. Во 74. минута Кучо Ернандес сигурно реализираше ситуација еден на еден и му донесе предност на Бетис. Сепак, радоста траеше само осум минути. По корнер во 82. минута, Луис Риоха најдобро се снајде во шеснаесетникот и го постигна израмнувачкиот гол.

Со овој резултат, Бетис се оддалечи од пласман во Лигата на шампионите, бидејќи Атлетико Мадрид има пет бодови повеќе. Валенсија, пак, останува во долниот дел од табелата.

Во ист термин, Мајорка продолжи со добрите партии дома, совладувајќи го Хетафе со 1:0. Единствениот погодок го постигна Ведат Муриќи во 14. минута, доволен за нови три бода и голем повод за славје на Балеарските острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот