Ремек делото на Лазаров преку живиот ѕид за победа на Нант (ВИДЕО)

И со своите 39 години блеска на терените нашиот капитен, и сезонава покажа зошто е еден од најдобрите десни ракометни бекови на светот.

Веќе е објавено дека и официјално предвреме заврши ракометната сезона во Франција поради пандемијата на коронавирусот.

За шампион е прогласена е екипата на ПСЖ, додека на второто место заврши тимот на Нант на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров.

И со своите 39 години блеска на терените нашиот капитен, и сезонава покажа зошто е еден од најдобрите десни ракометни бекови на светот.

Во најсилното француско ракометно првенство особено останува во сеќавање неговиот победнички гол после завршувањето на регуларните 60 минути на гостувањето кај Шамбери.

Лазаров ја имаше одговорноста, ниту живиот ѕид, ниту противничкиот голман не успеаја да го запрат ударот на Македонецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот