Ремек дело на Ван Гог продадено за повеќе од 4,5 милиони евра

Portret na selanka / Vinsent van Gog /Фото: Akg-images / akg-images / Profimedia

Делото на холандскиот уметник Винсент ван Гог „Портрет на селанка со бела капа“ е продадено на годишниот саем за уметност и антиквитети ТЕФАФ во Мастрихт за повеќе од 4,5 милиони евра.

Сликата е ставена на продажба од американската галерија „МС Рау“ од Њу Орлеанс, додека новиот сопственик, кој платил 4,57 милиони евра, е приватно лице кое поседува музеј надвор од Европа, но неговиот идентитет сè уште не е познат.

Платното, со димензии 63 x 48 см, е насликано околу 1884 година, кога уметникот живеел во Нуенен, село во кое се наоѓал домот на неговото семејство, каде што успеал да создаде поволна атмосфера за работа, а овој период се смета за пресвртница во негова работа.

Portret na selanka/ Vinsent van Gog / Фото: Akg-images / akg-images / Profimedia

Претходно, на 6 февруари беше најавено дека „Портрет на селанка во бела капа“ ќе биде ставен на продажба на саемот ТЕФАФ. Автентичноста на оваа слика е потврдена од музејот на Ван Гог во Амстердам, се наведува на веб-страницата на галеријата „МС Рау“.

 

Делата на Ван Гог обично постигнуваат високи цени.

На пример, во 2021 година, акварелот на овој сликар беше продаден на аукција во Њујорк за повеќе од 31 милион евра. Истата година, уште една негова слика беше продадена на аукција за 13 милиони евра. Тоа се однесуваше на никогаш претходно изложената слика што Ван Гог ја насликал во Париз во пролетта 1887 година, „Scene de Rue a Montmartre“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот